Maqedoni

Општина Бутел, предизборните ветувања – мртво слово на хартија

Реконструкција на улици, училишта и градинки како и одржување на хигиената во општината се приоритети на градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски во изминативе две години. Но, реализација за изградба на нови проекти кои беа најавени во програмата на Смилевски пред да стане градоначалник, останаа само на хартија. Новите градинки и училишта кои беа ветени да се изградат лани, се уште не се започнати.

„Мој приоритет во овие две години беше повеќе приоритетот на граѓаните отколку на програмата. Сигурен сум дека сега во наредните две години ќе ја завршам во целост програмата, затоа што програмата е таа која што не води, и сите придобивки ќе добијат граѓаните на општина Бутел.“

Иако според Смилевски изминатите две години во општината имало интензивни градежни активности за подобрување на инфраструктурата, граѓаните велат дека малку од ветеното е реализирано.

„Не се ангажира околу граѓаните туку ги гледа личните интереси. Непотизам се е партиски примиено, кога се гласа и бараат гласови едно кажуваат, а отпосле друго кажуваат. Не може само личниот интереси да се гледа, мора општиот интерес да се гледа на сите граѓани.

„Треба да обрне малку внимание на улиците во Радишани, во населбата ништо не реализирал. Улиците да се санираат и оваа улица што ја направија уште не е санирана.

„Мислам дека е добро и понатаму ќе работи сугурно, има многу работи што ги направил.“

Едно од најголемото предизборно ветување на градоначалникот Смилевски, беше изградба на нова поликлиника во текот на следната година. Според него, жителите ќе ја добијат ветената поликлинка, бидејќи тоа е најголем проблем на оваа општина. Во мометов бутелчани на располагање имаат само една амбуланта која е изградена во 1963 година како привремена.

Andre Çobanova

Loading…